Прилепчанката Викторија Божиноска е добитничка на главната награда од наградната игра “HappyMonday” на Шпаркасе Банка и си доби 500.000 денари, информираа од банката на својата Фејсбук фан страна.
“Новата 2018та ја започнуваме со среќните добитници во последната етапа на наградната игра #HappyMonday ! Честитки до сите, се надеваме дека ве израдувавме и ви го продолживме празничното расположение!
Особено ѝ честитаме на Викторија Божиновска за главната награда – 500.000 МКД!!!
Вие сте секогаш инспирација за да продолжиме да ве изненадуваме, затоа следете нè будно”, напишаа од Шпаркасе банка.