Маријана Ѓорѓиевска е првата прилепчанка кој се искачи на највисокиот врв на Алпите, а воедно и највисокиот врв во Западна Европа Монблан. Заедно со Владимир Јованоски тие го претставуваа планинарскиот клуб “Мамути” од Прилеп на оваа неверојатна авантура и го развиорија македонското знаме на 4810 метри високиот врв во Франција.
Искачувањето и слегувањето на врвот на Алпите траело три дена, а снегот и силното невреме не биле пречка за овие двајца наши прилепчани да стигнат до највисоката точка и да го остварат својот сон.
Патот до највисокиот врв на француските Алпи е стрмен и тежок, но погледот од таму е неверојатен, велат Маријана и Владимир, доловувајќи ја оваа неверојатна убавина со видео.
Целата нивна експедиција погледнете ја на следниот линк:
А/Г/