Прилепчани ги исполнија храмовите и ја дочекаа радосната вест за Христовото Воскресение (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Илјадници прилепчани ги исполнија сите храмови за да ја дочекаат радосната вест за Христовото Воскресение.

Дворовите на храмовите “Св. Петка”, “Св. Кирил и Методиј”, “Свето Благовештение” и “Свето Преображение”, беа претесни да ги соберат сите верници, кои се помолија за Божја наколетост, љубов, здравје, мир и благодет.

 

Со радосниот поздрав “Христос Воскресна, Навистина Воскресна”, прилепчани си посакаа да го слават празникот уште многу години и да бидат уште побројни и повесели.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.