Прилепчани во редици за потпис против БЕГАЛЦИТЕ во градот херој! (ФОТО)

20991356_10211685370464204_1952937283_o

Обединети под граѓанската иницијатива “Будење” граѓаните на Прилеп денес на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во голем број ја потпишаа иницијативата против доселување на бегалци во градот под “Марковите Кули” .

21013418_10211685198699910_1642645028_n

Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 на Министерството за труд и социјална политика, изминатите недели предизвика лавина реакции и го крена гневот кај населението во повеќе општини кои директно се засегнати.

20938899_10211685370504205_1602580869_n

Според граѓанската иницијатива “Будење” доселувањето на мигранти во општините ќе значи:
-намалување на платите и евтина работна сила

-губење на работни места и нови отпуштања.

-наместо трошење на пари за изградба на училишта, градинки, паркови, игралишта, ќе се трошат пари на изградба на станови и куќи за мигрантите и пари за кирии.

-помалку пари за пензии и социјална помош.

-зголемување на криминалот и небезбедни градови.

-менување на составот на население и сликата на градовите.

 

20938843_10211685198419903_383333562_n

20938705_10211685198259899_429401687_n

20987760_10211685198659909_635943360_n

Граѓанската иницијатива ќе побара од советите на општините иницирање и на референдум по ова прашање.

Зголемувањето на криминалот во средините низ Европа каде изминатите години се доселија бегалци е можеби и главната причина граѓаните на Прилеп и останатите општини да бидат загрижени. Сите бевме сведоци на голем број ограбувања и силувања кои се случуваа во Германија, Шведска, Франција ….

Но, не само тоа. Меѓу мигрантите, кои транзитираа низ нашата држава и завршуваа во европските земји тогаш, имаше голем број  терористи кои претходно се бореле на боиштата на страната на ИСИС.

Медиумите тогаш препознаа голем број такви борци, кои се преселија на европско тло, кои претставуваат темпирани бомби и се причина за терористичките напади кои секојдневно се случуваат низ европските држави.

20938111_10212095742140295_1469098602_n

20938687_10212095741860288_107387172_n

 

А/Г/

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.