Утринава во 08,00 час во Полициската станица Прилеп 28- годишниот Ф.П.А пријавил дека истиот ден околу 03,00 часот додека бил во ноќен клуб бил нападнат.
Имено непознато лице се доближило до него и го удрило со рака во пределот на лицето, при што од ударот пријавителот паднал на подот. Потоа дошле повеќе лица кои физички го нападнале и го удирале со клоци во пределот на целото тело, а некои од лицата користеле и стаклени шишиња, се вели во соопштението од МВР.
На Ф.П.А. во градската болница во Прилеп му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на целосно расчистување на случајот.