Прилепчанец направил хаос во банка: Му пречела бучавата од климата, се карал со вработените и туркал се пред себе

Прилепчанец во саботата направил неред во една од филијалите во градот, бидејќи го нервирала бучавата од вклучениот клима уред на банката. Тој решил да стави крај на проблемот и да се пресмета со вработените од банката.

Во објектот, каде што биле присутни и неколку странки, вработените повикале обезбедување за да се справи со соседот кој живеел во стан што се наоѓал над филијалата. На соседот му пречела бучавата која доаѓала од вклучениот клима уред, па кога пристигнал во банката, без да се обиде проблемот да го реши на мирен начин, веднаш почнал да вика и да се расправа со вработените.

Тој покрај заканите кои ги упатил кон банкарите, почнал да турка предмети кои му дошле при рака. Поради недоличното однесување и нередот кој го предизвикал, патролата го отстранила прилепчанецот од банката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.