Во Секторот за внатрешни работи Битола, на 16.01.2018 година, околу 20:50 часот било пријавено дека на 15.01.2018 година, во периодот од 19:00 до 06:00 часот утрото во Прилеп, во зградата во која живее лицето со иницијали Х.Л. oд страна на непознат сторител биле испишани пораки со заканувачка содржина, објави порталот “Шеталиште”.
Истите според содржината биле упатени кон споменатото лице.