Еден прилепчанец ги заборавил клучевите на вратата од автомобилот и го оставил отклучен.
За среќа првиот кој забележал се погодил и бил чесен човек, го заклучил автомобилот и му оставил порака.
“Другар за клучо ѕвони на …..” и го напишал својот телефонски број.
Колку и да ви изгледа сето ова комично, ова може да му се случи секому, особено во ова брзо време со обврски и нервози во кое живееме.
Секоја чест за чесноста на човекот кој ја напишал оваа порака!