Во натпреварот од петтото коло во англиската Чемпионшип Лига, прилепчанецот Езѓан Алиоски, кој ова лето беше едно од најзвучните засилувања за Лидс го постигна својот деби погодок.
Алиоски го одигра целиот натпревар за Лидс, а прецизно стрелаше во 87-та минута од натпреварот за 0:2 на гостувањето кај Нотингем Форест и ја загарантира победата на својот тим.
Лидс летово инвестираше многу во своите редови и се подготвува после подолго време да се врати во Премиер Лигата. После пет одиграни кола Лидс се наоѓа на третата позиција со три победи и два нерешени резултати.
A/Г/