Прилепчани секогаш присутни на големите натпревари, на кои настапуваат домашните спортски тимови. Со развиорено македонско знаме, Златко Рикалоски од Прилеп директно го проследи финалето од фајнал фор турнирот во Келн, каде Вардар ја покори Европа и стана шампион.
Рикалоски кој изминатите денови престојуваше во Дизелдорф на Генералното годишно и изборно собрание на Светската пингпонгарска федерација ИТТФ, имаше и можност после натпреварот да се дружи со ѕвездите на Вардар кои направија чудо и ги освоија срцата на целата нација, како и можност да го допре шампионскиот трофеј.
A.Г.