На Балканското првенство во карате за кадети и јуниори помлади од 21 година, кое се одржа во Херцег Нови, Црна Гора, младиот прилепчанец Константин Василески стигна до второто место во категорија -67 килограми и се закити со сребрен медал.
На патот до финалето Константин денеска ги победи Кручеру Андреи од Молдавија, Ченај Или од Косово, Халиловиќ Адис од БИХ и Денис Муратчан од Турција.
За противник во финалето нашиот Константин го доби Кондиќ Лука од Хрватска.
Со малку среќа Хрватот и краен резултат 4:3 беше поуспешен од Константин, чија упорност после неколку обиди се исплати и стигна до високо достигнување на вакво големо натпреварување.
Ова е уште еден голем успех на ова Балканско првенство за прилепчани, со оглед на тоа дека сестрите близначки Мишела и Маријана Димоски ги освоија првите две места во конкуренција на кати.