Прилепскиот ракометен тренер по трет пат во тимот на капитенот Лазаров

ice

Прилепчанецот Ице Соколески, тренерот на Ракометниот клуб “Прилеп” и прв асистент на селекторот на младата репрезентација на Македонија Темелковски, трета година по ред ќе биде дел од ракометниот камп на капитенот Лазаров.

Соколески заедно со Кузманоски од самиот старт се одговорни за изборот на најмладите учесници на овој спортски камп кој во изминатите две години беше незаборавно дружење за сите млади ракометари, како и вистинска шанса да научат многу повеќе и тоа од врвни ракометни имиња.

„Чуствувам огромна одговорност што сум дел од ракометниот камп на Лазаров, особено што заедно со Кузмановски изминатите две години на кампот бевме одговорни за најмладите учесници на кампот на кои им е потребно најголемо внимание и посветеност во работата. Ова е навистина голем настан, не само за македонски услови туку и пошироко и имајќи предвид дека сум од самиот старт тука можам да го забележам  прогресот во секоја смисла низ изминатите години. Учесниците на кампот покрај ракометните вештини кои ги учат од врвни, реномирани ракометни имиња, се социјализираат и учат  како треба да се однесува еден спортист и надвор од теренот“, вели тренерот на РК “Прилеп” Ице Соколески.

ФОТО+ВИДЕО:kmgsport.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.