Прекрасната Сирија пред ужасното разурнување од војната (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Сирија не беше отсекогаш таква каква што ја гледаме денес. Сирија некогаш беше политичка и воена сила на Блискиот Исток, имаше голем извоз, иновативна ИТ технологија.

Денес градовите се уништени, откако граѓанската војна во оваа земја беше прогласена најсмртоносна во 21 век.

Според Обединетите Нации до 2016 година во Сирија загинале повеќе од 400.000 луѓе, иако засега нема официјални информации колкава е бројката на загинати во 2017 и 2018 година. Според последните информации повеќе од шест милиони луѓе ја напуштиле државата во потрага по мир.

Сирија влезе во голема граѓанска војна во 2011 година, откако претходно, како дел од арапската пролет, во главниот град Дамаск незадоволни граѓани секојдневно протестираа против претседателот Башар ал Асад.

Оттогаш, во Сирија се бореа силите лојални на Асад, повеќе опозициски бунтовнички групи, Исламска држава, а последни кои влегоа во Сирија, беше турската армија. Сепак во оваа држава „прсти замешаа“ Соединетите Американски Држави, Русија, Саудиска Арабија, Иран, Израел, Велика Британија, Франција…

Сирија синоќа беше цел на воздушни напади од страна на САД, Велика Британија и Франција како одговор за наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума во минатиот викенд

Иако светот денес Сирија ја гледа како разрушена држава поради долгите години во војна, сепак Сирија пред војната беше нормална држава.

Територијата на денешна Сирија била значаен дел од некогашните големи империи, како Египет, Персија и Римската империја.

Алепо, еден од најстарите градови во светот денеска е уништен од воздушни напади, куршуми, хемиски напади.

Тој некогаш беше срцето на сириската индустрија, а беше цел на најбруталните борби на 21 век.

Алепо кој беше заштитен од УНЕСКО, во најголемиот дел од војната беше поделен меѓу бунтовничките групи и сириската војска, што доведе до огромни борби, што го уништија градот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.