Ако за второто читање на Законот за употреба на јазиците владеачката партија поднесе само 4 амадмани, сега, после одбивањето од страна на претседателот Иванов да го потпише указот за истиот, од СДСМ не поднесоа ниту еден амадман за овој чуствителен Закон, и покрај тоа што истиот беше оспорен од претседателот со низа забелешки.
За разлика од нив, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во саботата за Законот беа поднесени 35.683 амадмани со кои ќе се обидат да го спречат донесувањето на овој шверцерски закон со злоупотребено европско знаменце.
Лицемерното однесување на владата наиде на осуда од голем број универзитетски професори по Уставно право, како и претставници од невладини организации.
Тие сметаат дека овој закон е чекор кон федерализација и губење на државата. Се надеваме дека СДСМ ќе ги поддржи амандманите на опозицијата и ќе докаже дека навистина владее во интерес на граѓаните.
Од владата претходно истакнаа дека Законот е во согласност со Уставот, дека е изгласан во демократска, парламентарна процедура, како и дека е во интерес на сите граѓани и во рамки на концептот едно општество еднакво за сите.
Чудно како тоа овој Закон е во интерес на сите граѓани на државата, односно како истиот е во интерес на граѓаните на Прилеп, Струмица, Делчево, Берово, Пехчево, Кочани, Штип, Св. Николе, Виница…. градови каде речиси и не живее албанско население.
Законот беше донесен на 11 јануари, а претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша указот. Сега Џафери, според Уставот и Деловникот, е должен во рок од еден месец, најдоцна до 11 февруари, да го стави Законот на пленарна седница. За да биде донесен, за Законот треба да гласаат 61 пратеник.