Првиот Твит на Трамп оваа година крена прашина: Им дадовме 33 милијарди долари, а тие ни вратија со лаги и измами

Претседателот на САД, Доналд Трамп во неговиот прв Твит во 2018-та година, жестоко го нападна Пакистан, обвинувајќи ја оваа земја дека ги штити терористите.

„Тие им даваат засолниште на терористите кои што ги бркаме во Авганистан и им помагаат“, порача Трамп.

Според неговите зборови, САД биле глупави што им дале на Пакистан повеќе од 33 милијарди долари во изминатите 15 години, а за возврат не добиле ништо освен „лаги и измами“. Според Трамп, Пакистанците сметале дека американските лидери се будали, па порача „Нема повеќе“.

Многумина сега се прашуваат зошто баш Пакистан е избран за првата земја која што е мета на Трамп во новата година. Американците веќе подолго време го обвинуваат Исламабад дека им дозволува на екстремистите релативно слободно да се движат и делуваат во пограничните подрачја со Авганистан.

Засега Пакистан нема официјално реагирано на Твитот на Доналд Трамп, но министерот за надворешни работи Кавај Асиф исто така на Твиер порача дека подготвува одговор со кој „светот ќе ја дознае вистината“.

„Ние на Америка веќе ѝ кажавме „Доста е“, така што зборовите на Доналд Трамп немаат никакво значење. Подготвени сме на Америка јавно да ѝ поднесеме сметка за секој цент“, порача шефот на пакистанската дипломатија.

Асиф смета дека Трамп го напишал Твитот од фрустрација и САД треба да преговараат со бунтовниците во Авганистан, а не веднаш да употребуваат воена сила.

„Америка е фрустрирана поради поразот во Авганистан. Америка треба да тргне по патот на дијалог, а не да користи воена сила во Авганистан“, додаде авганистанскиот министер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.