Под палката на новиот тренер Славољуб Бубоња, Победа убедливо славеше против Скопје на домашен терен.
Публиката уживаше во одличен натпревар со многу голови. Победа го имаше водството во текот на речиси целиот натпревар.
Резултатот го отвори Гешоски во 29 минута, а Џугурџиќ изедначи во 41 минута. Пред крајот на првото полувреме Илиески срелаше и го врати водството за победашите.
Во 51-та минута Цветаноски го зголеми водството и погоди за 3-1. Победата ќе беше поубедлива, но во 56-та минута Ристевски си даде автогол.
Маневски го заокружи резултатот во 92-та минута, за конечни 4-2 за Победа.
Со оваа победа прилепчани се качија на седмото место на табелата од Првата македонска лига.