Пратенички прашања и пречек со чочек за Заев и министрите денес

На денешната седница за поставување пратенички прашања, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со чочекот што се свиреше во тунелот на новиот автопат ги пречекаа Заев и министрите.

Пред самиот почеток на денешната седница, Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев порача од собраниската говорница дека оваа несериозна Влада наместо да се фати за работа за сериозните забелешки од Извештајот за напредокот на Македонија, тие се занимаваат со организирање на чочеци по тунели, забави и коктели.

-Могерини ви кажа дека треба да се работи и да не се трошат залудно ниту десет минути, а не да се организираат чочеци, забави и коктели.

Имено, во знак на револт за несериозноста на Владата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на самиот почеток им пуштаа чочеци на пратениците од парламентарното мнозинство.

Во прилог чочекот од тунелот со кој пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го пречекаа Заев и министрите.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.