Празникот „Св Атанасиј“ одбележан во населеното место Лениште

_MG_6023

Градоначалникот Марјан Ристески по повод празникот Свети Атанасиј Велики, денеска ги поздрави домаќините, мештаните и сите присутни гости во манстирот „Св Атанасиј“  во населеното место Лениште.

_MG_6031

„Денеска на сите православни христијани да им го честитам денешниот празник „Св Атанасиј“, на Вас жителите од с. Лениште и на сите верници, Ви посакувам многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом, а на оние кои што го носат името на „Св Атанасиј“ да им го честитам именденот“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

_MG_6040

Домаќините на празникот посакаа многу здравје и среќа во секој дом.

„Задоволни сме што имавме многу гости, тој ни е заштитник на село Лениште и нека ни е за многу години овој празник“, посочија домаќините.

_MG_6068

Свети Атанасиј се родил во Александрија. Во младоста стекнал солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележал архиепископот Александар, па кога потпораснал го земал за свој личен секретар. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија. Се упокоил во 373 година.

_MG_6078




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.