Aнеки Бадинг уживала кај прочуените Мекензи водопади во Австралија, а потоа и се случило нешто што и го променило животот.
Насмевката брзо се претворила во паника, откако после селфито кое го направила, забележала дека се случува метеж.
“Слушнав само врисок. Кога се завртив, според движењето на момците на стената, помислив дека некое опасно животно се појавило во водата. Тогаш една девојка ми го зеде стикот од рацете за да му помогне на човек кој се давеше во водата”, рекла таа.
Всушност едно моме од Тајван (28) се слизнало на карпите и паднало во водата.
“Се обидовме да повикаме полиција, спасувачки служби, но немавме мрежа”, додала Анеки.
На момчето му немало спас, поради силниот притисок на местото каде водата паѓала, а младата туристка ја предала својата фотографија во локалната полиција.