Почина работникот од Прилеп кој падна од кран – полицијата со детали

 

Во текот на вчерашниот ден во 14 часот и 20 минути на улицата „Никола Вапцаров“ во Скопје, 57-годишниот Ц.Т. од селото Ново Лагово, прилепско, вработен во приватна фирма, додека извршувал работи на кран на висина од четири метри, во моментот кога се откачила дигалката паднал на земја и се здобил со повреди.

Полицијата денеска информира дека работникот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар Скопје.

По кратко време Ц.Т. за жал им подлегнал на повредите.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.