По долга борба со болеста, денеска почина македонскиот рок-музичар и гитарист, Симеон Иванов – Канго .
„На денешен ден, 26-ти март 2018 година почина нашиот сакан и почитуван творец, патриот и уметник Симеон Иванов Канго! Нашиот сопруг, татко и дедо. Бог да го прости, со сочувство од фамилијата”, е напишано на неговиот Фејсбук профил.
Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.
Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.
Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.