Почина најстариот човек на светот – ги преживеал Првата светска војна и Аушвиц

Најстариот човек на светот Израел Кристал, човек кој ги преживеал Првата светска војна и Аушвиц каде ги загубил жената и двете деца почина во Хаифи на 113 години.

 

kristal

Ќерката на Кристал Шуламит Кристал ја потврди веста за неговата смрт.

Тој почина еден месец пред да наполни 114 години.

Гинисовата книга на рекорди во март 2016 година му ја додели на Кристал титулата за најстар човек во светот. Кристал својот 113 роденден го прослави на 15 септември 2016 година.

Роден е во 1903 во послкиот град Зарнов, а во 1944 е депортиран во Аушвиц, каде ги загубил сопругата и две деца. Во Израел емигрирал во 1950.

Од логорот Аушвиц излегол со само 37 килограми.

Тој зад него оставил седум деца, внуци и 32 правнуци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.