Почина жена на Клиника откако се отрула со син камен

Вчера во 18:30 часот 58-годишната Л.Ш. од Битола побарала помош од Итната медицинска помош.

Поради сериозноста на нејзината ситуација веднаш била пренесена на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар во Скопје, каде вечерта по полноќ починала.

Екипа од СВР Битола извршила увид на местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.