Српскиот пејач на народни песни, староградски, севдалинки, забавни и мексикански песни – Предраг Гојковиќ – Цуне, почина на 85-годишна возраст.
Во почетокот на кариерата бил познат по изведувањето на мексикански песни, па потоа по забавни и народни песни. Покрај тоа, играше главно споредни улоги во неколку телевизиски серии и филмови.
Покрај многу одржани концерти и телевизиски емисии, пееше и во дует со Предраг Живковиќ Тозовац, Мирослав Илиќ, Живко Џуриќ и Лепа Лукиќ, а настапуваше и во триото со Мирослав Илиќ и Предраг Живковиќ Тозовац, познато како “Tри мајстори – три тенори”.
A/Г/