Роса Јаковлевиќ, мајка на гардистот Драган Јаковлевиќ, кој со колегата Дражен Миловановиќ трагично настрадале во касарната “Топчидер” на 5 октомври 2004 година, тврди дека нејзиниот син загинал поради Ратко Младиќ, а дека после тој трагичен настан, настрадале уште 9 војници.
Како што рекла, ни ден денес не знае како загинал нејзиниот син, но дознала дека не се убиле меѓусебе.
#Gardisti pic.twitter.com/00frVbon5B
— Goran Beg (@GoranBeg) December 11, 2017
“После Драган, загинале уште 9 војници, сите настрадале поради Ратко Младиќ. Драган и Дражен биле на стража во касарната Караш. На офицерите од касарната камерите им биле исклучени. Претходно тие двајцата биле затворени три дена, затоа што го виделе Ратко Младиќ како го изнесуваат. Виделе нешто што не смееле… Тука порано се криеле и Тито и Милошевиќ. Нашиот адвокат нареди да се отвори тоа. Тука имаше се’, тука можело да се живее дваесет години. Но, кога требаше да влеземе, тоа сето беше поплавено. Да се сокријат трагите. Драган е убиен од пушката на Дражен Милановиќ, а Дражен од пушката на мојот син. За да изгледа дека се убиле меѓусебе. Војската така сакала да го заскрие настанот”, рекла мајката на убиениот гардист Драган Јаковлевиќ.
NA DANAŠNJI DAN
2004.- U kasarni Topčider ubijeni gardisti Vojske Srbije i Crne Gore Dragan Jakovljević i Dražen Milovanović pic.twitter.com/jRvExgQ9dm— Otus scops (@otusscops51) October 5, 2017
Таа рекла дека после три недели побарале ексхумација и независна комисија да се утврди дали војниците се убиле меѓусебе, при што комисијата утврдила дека војниците ги убила трета личност.
“Ќе се бориме додека да ја докажеме вистината”, рекла Роса Јаковлевиќ.
Таа рекла и дека еден војник бил убиен бидејќи го возел Ратко Младиќ.
Исповеста на Роса Јаковлевиќ е објавена во книгата “Женски суд: За случувањата во Сараево и за продолжувањето на процесто”, Жена во црно.