Поранешниот пратеник Зоран Витанов им одржа лекција на Заев и Тевдоски околу прогресивното оданочување

Приходите до илјада евра персонален данок на доход се предлага да се оданочува со 10 отсто, додека за секој приход остварен над границата од илјада евра данокот да биде 18 отсто, е предлог на Министерството за финансии кој во средата го соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“.

На оваа тема свој Фејсбук коментар објави поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија и поранешен заменик министер за економија, Зоран Витанов.

“Зоче, ако министеро воведе прогресивно оданочување, единствен ефект е шо ќе си ојдат и последните успешни луѓе од државата!

Ако само 2% се опфатени како шо вика Тевдо, а имаме вкупно 697.000 вработени, мерката се однесува на 13940 луѓе и е казна за тва шо се успешни!
Од них, 90% земаат плата под 1400 евра, шо значи вкупните приходи од мерката ќе бидат (400х8/100)х(13940х90/100)= 401472 Евра месечно!!!

Останатите 10% кои земаат над 1400 ќе фатат џенем! Зашо ли? Саа ќе ти кажам:
Ако му го зголемиш трошоко од над 1000 евра месечно, ќе си изнајме (или купе куќа на кредит) вонка од државата на некоо поарно место, оти му е по паметно да си плајќе ќирија/рата, отколко да ги плајќе мрзљаците на Ахмети шо седат дома и му ги јадат точно неговите пари! Прај после ти држава со мрзљаци, шо ќе ти се тии шу имат ак’л! Јок нека станат! Тии и т’ка и т’ка не гласат за никој, туку си га глеет работичката!

Башка, за пресметување на прогресивно оданочување треба нов софтвер у УЈП и треба повеќе бумбаре у администрацијата, па паарте ќе одат за них, а не за народо!
Ќе се чудаме сите после ДЕК СЕ ПААРТЕ! Е ДЕК СЕ ДЕ!”

 

На крајот од својот коментар Витанов постави и две видеа кои на сликовит начин објаснуваат што значи тоа прогресивно оданочување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.