Сведоци сме дека секоја година многу луѓе го губат животот давејќи се во базени, реки, езера или мориња. Сите кои се нашле во таква ситуација, треба да знаат дека не е ни малку безопасно и поради тоа мора да се придржуваат на правилата при спасување.
Вадењето на давениците од вода е многу опасна и тешка постапка за која спасувачите имаат посебни обуки. Познато е дека давеникот употребува огромна сила во тие моменти и неконтролирано однесување поради хипоксија на мозокот.
– Ако сте немале посебна обука или не сте сигурни во себе, не му приоѓајте на давениците, бидејќи и вие ќе станете жртва. Постојат повеќе методи на спасување, кои зависат од местото на кое се случува несреќата.
За време на спасувањето и пружењето на помош на давеникот, треба строго да се држите до упатствата. Спасувачот мора да внимава да не се доведе и себе во опасност.
– Во отворена вода на давеникот му се приоѓа со чамец или даска. Ако пак мора да се плива до него, спасувачот треба со себе да понесе и појас за спасување, елек или нешто што на давеникот може да му послужи како потпора – објаснува Углеша Миљевиќ од Асоцијацијата за спасување во вода, за српски “Телеграф”.
Ф.Г.