Помогнал во убивањето на 300.000 луѓе, а не лежел ниту еден ден во затвор – Почина книговодителот на Аушвиц !

Оскар Гренинг познат како “книговодителот на Аушвиц”, кој во 2015 година беше еден од последните осудени за злоделата на нацистичкиот геноцид над Евреите за време на Втора светска војна, почина на 96 години, објави “Шпигл”.

Тој починал во болница, а не одлежа ниту еден ден од четиригодишната казна затвор која ја доби поради помош во убивањето на 300.000 луѓе во “Логорот на смртта” Аушвиц, каде настрадаа еден милион Евреи.

“Шпигл” пишува дека Гренинг починал во петокот на 9 март, но од затворската управа сеуште немаат издадено умреница. Оскар сам не учествувал во убиствата, но ја броел готовината земена од жртвите по нивното доаѓање во логорот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.