Полициско возило удри во „Ауди“ : Повредени три лица, две во критична состојба

Во тешка сообраќајна несреќа која пред еден час се случила во скопската населба Аеродром повредени се три лица. Сообраќајката се случила во близина на Мајчин Дом, објави Курир каде може да ги погледнете и фотографиите од несреќата.

Во сообраќајката учествувале две моторни возила, првото од марката „Шевролет Спарк“ и второто марка „Ауди“, двете со скопски регистарски таблички, дознава Скопје Инфо од СВР Скопје.

Еден од повреден е со полесно телесни повреди, а две лица со потешки повредени се пренесени во скопскиот клинички центар и истите се наоѓаат во критична состојба.

Од МВР најавуваат повеќе детали за сообраќајната несреќата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.