Познат изгледот на мундијалската топка за Светското првенство во Русија (ФОТО)

Производител секако е компанијата Адидас

Користена е на крајот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, Адидас Телстар фудбалската топка послужи како инспирација за новиот дизајн на топка која ќе се користи на Светското првенство во Русија следната година.

Се појави и првата слика на “Адидас Телстар 18”, топка која официјално ќе биде претставена на 1 декември за време на жребот на групите за мундијалот.

Како база одбрана е бела боја на која ќе бидат употребени црно-сиви елементи, баш како и на оригиналната, која во времето станала симбол за фудбалска топка.

Сите логоа, вклучувајќи го и логото на Адидас, како и логото на Светското првенство ќе бидат вградени со златна боја.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.