Најстудено изутрина во Македонија е во Берово, -7 степени, по што следат Лазарополе со -4, Маврово, Крива Паланка, Крушево и Скопје Петровец со -3, Битола, Претор, Демир Капија, Пожаране и Струмица со -2, како и -1 во Тополчани, Ѓуриште, Охрид, Прилеп, Виница, Тетово, Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид и Штип.
Најмногу снег има во Маврови Анови, 45 сантиметри, Крушево 26, Ѓуриште 20…
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи, кои долж Повардарието ќе бидат од дожд, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Попладне во западните делови ќе има пообилни врнежи кои ќе бидат претежно од снег и ќе предизвикаат позначително зголемување на снежната покривка, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во ноќните часови пообилни врнежи, во пониските делови од дожд, ќе има во југоисточните подрачја.