Поголем патриот од повеќе македонски квислинзи – Шенол Мемиш: “Зошто сум против Законот за употреба на јазиците?”


(Фејсбук статус на Шенол Мемиш, претседател на Македонско-турското друштво за пријателство “Мустафа Кемал – Ататурк” од Битола)

Македонија од мултиетничка кон бинационална држава-зошто сум против Законот за употреба на јазиците?

Ако Албанец во Берово, во подрачната единица на Фондот за здравство на Република Македонија, побара информација и се обрати на неговиот мајчин јазик, Фондот е должен усно или писмено да му одговори на албански јазик во определен рок.

Но, доколку во таа иста институција за информација или услуга се обрати Србин, Турчин, Влав, Ром….

Тој мора да го знае македонскиот јазик, затоа што државата не е должна да му одговори на неговиот мајчин јазик. Накратко, правото со кое се стекнуваат Албанците, ќе го немаат другите етнички заедници во Република Македонија.

Секоја државна институција треба да обезбеди преведувачи на албански јазик, но не и на турски, ромски, влашки, српски и т.н.

Ова е класичен вовед во бинационално општество во кое Македонците и Албанците имаат повеќе права во определени ситуации од сите други.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.