Денеска и во понеделник времето ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени.
Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава.
Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.