ЖАЛНА СЛИКА! Повторно активен пожарот во Требовле, гори и кај Могилец – Војската пратена со една конзерва за јадење?! (ФОТО+ВИДЕО)

Граѓани на социјалните мрежи објавуаат дека повторно е активен пожарот во атарот на селото Требовле во Поречието, а гори и кај Могилец.

Во околијата на Македонски Брод пожари беснеат од минатата недела, а најкритична е ситуацијата се чини, според пишувањето на граѓани по социјалните мрежи, околу селото Требловле и село Могилец.

Според пишувањата во Могилец денеска до темел изгореле 5 куќи, а селаните се евакуираат или чекаат помош од блиските.

Војската била испратена без вода и јадела само една конзерва за оброк…

Дека пожарите направија голема штета говорат и видеата и фотографиите во продолжение:

Власта излезе со мерки за спречување на ширењето на пожарите, но очигледно тие мерки не влодија со плод, напротив ситуацијата се повеќе се влошува.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.