Победи на „Операција триумф“, доживеа трагедија пред свадба и замина од Босна – како денес изгледа Аднан

Победникот на балканската „Операција триумф“ – 2008, Аднан Бабајиќ, дури во 2011-тата го издал во својот роден крај, долгоочекуваниот албум кој го доби како награда во шоуто.

Но, никој надвор од Босна, не слушна ниту за него, ниту за албумот, а за време на Операција Триумф беше актуелен во сите Ex Yu држави, а воедно му беше ветувана светска слава како победник, договори и што ли уште не.

На албумот се појави и песна компонирана од Емина Јаховиќ, а по издавањето пејачот најави промоција во Белград и Сараево, како и почеток на кариерата.

Набрзо потоа исчезна од музичката сцена, а во 2014 година, два дена пред свадбата со Лејла Совчиќ доживеа трагедија кога неговата мајка почина од рак на белите дробови.

Денес Аднан живее во Чикаго и таму чекор по чекор создава кариера.

Според последните фотографии на социјалните мрежи се гледа дека живее убаво и дека воопшто не му фали Балканот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.