По поразот од Пелистер на стартот од сезоната, Победа ги започна и своите настапи во второто домашно натпреварување – Купот на Македонија.
Црвено-белите ја оправдаа улогата на фаворити и на натпреварот кој се играше денес во Радовиш против второлигашот “Плачковица” и со рутинирана игра славеа со 4-0.
На полувремето резултатот беше 0-2 за Победа, а стрелци на головите беа Шаркоски и Мустафов.
До крајот на натпреварот стрелаа Гешоски и Манески и го поставија конечниот резултат од 4-0.