Вчера во Банско, на теренот на комплексот ,,Пири,, се одигра пријателскиот меѓународен меч во кој Победа го совлада бугарскиот третолигаш Беласица Петрич со 2-1, полувреме 0-0.
Стрелци на головите за Победа: Дејан Цветаноски за водство 1-0 и Борче Маневски во 90-тата минута за победа.
Ова беше трет тест натпревар за Победа во Банско, а втор триумф.
Прилепчани на овој меч започнаа со овие 11-мина: Јованоски, Хумбатов, Ристевски, Крстески, Карчески, Ј.Наумоски, Мустафов, Неданоски, Шаркоски, Станиќ и Гешоски.
Во вториот дел во игра влегоа сите играчи од клупата, освен голманите (Јованоски бранеше цел натпревар).
Последниот 4-ти натпревар во Банско Победа ќе го одигра в сабота со третѕолигашот “Гоце Делчев Пирин”, а во недела подготовките завршуваат и екипата се враќа во Прилеп.
Во меѓувреме за време на подготовките во Банско сосема неочекувано екипата ја напушти и Стручниот штаб на цедило го остави, кога е во прашање дефанзивната позиција покрај десната аут линија, стандардниот првотимец Бојан Георгиевски, кој кариерата ја продолжува во новиот српски прволигаш Мачва од Шабац.