Победа ограбена на вчерашниот дуел во Тетово: Голот на Шкендија за 3:3 чист офсајд (ВИДЕО)

Најдоброто овосезонско издане на фудбалерите на Победа беше доволно само за бод на ,,жешкиот,, терен во Тетово. Но, жежок  само за делителите на (не)правдата кои ја скратија Победа за два повеќе од заслужени бода.

Со фасцинантно залагање од првиот до последниот сите 14 денешни избраници на тренерот Штерјовски заслужуваат чиста 10-ка. За борбеноста, упорноста, желбата, волјата, самопочитта, вербата во сопствените квалитети и можности….Во ниту еден момент од 96-те овонеделни тетовски попладневни минути црвено-белите момци не отстапија…ни педа, од ниту еден дел од теренот.

Се ,,истопорија,, како вистински борци пред фаворитот кој го надиграа во сите елементи на фудбалската игра…Како плод на таквото издание дојде и наградата во вид на резултатот. Но, требаше и мораше да биде адекватно вреднуван. За победата на теренот ги скрати пред се вториот помошен судија Кире Ангеловски, кој не сигнализираше барем 1 метар офсајд, во ситуацијата кога Абдурахими во 88-та минута погоди за 3-3.

Претходно на душа на главниот судија Гоцевски оди и недоделениот втор жолт-автоматски црвен картон за Алими во 80-тата минута, како и очигледното удирање на Жуниор со лакт во лицетот на Станиќ, и старт со две нозе врз него на центарот, но и во најмала рака сомнително досудениот пенал за домаќините во 42-та минута за 2-1.

Видео: Спорт365.мк

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.