Победа игра со срце против големите тимови: Во Струмица падна шампионот!

Победа игра со срце кога се во прашање тимовите од врвот на табелата. Пред две недели Вардар, а денеска и Шкендија падна во Струмица пред прилепчани.

Со головите на Даноски во 40-та и Најдовски во 80-та минута, Победа ја совлада Шкендија со 2:1 и ги врати надежите за опстанок во Првата фудбалска лига.

За тетовчани прецизен беше Ибраими во 44-та минута.

Црвено-белите се сеуште на 8-та позиција на табелата, но сега имаат и предност од 4 бода над Скопје и Пелистер.

Во наредното коло Победа гостува кај Академија Пандев, а до крајот на сезоната игра уште со: Работнички на гости, Силекс дома, Скопје на гости и Ренова дома.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.