Победа заборави на головите и на пријателските мечеви – убедлив пораз и од српска Мачва

Прилепскиот прволигаш Победа заборави да се радува на погодоци. Прилепчани вчера претрпеа убедлив пораз од 3:0 во Охрид против Мачва од Шабац.

Ова е трет пораз од три подготвителните натпревари за Победа и тоа без постигнат погодок, што е срамно за прволигашот кој претендира да опстане во највисок ранг сезонава, а со новото раководство и да се искачува нагоре на табелата.

Во Охрид, гостите од Србија мечот го решија многу рано со два гола до десеттата минута. Постигнаа уште еден во второто полувреме за убедлива победа против победашите.

Претходните порази прилепчани ги претрпеа од Ренова со 1:0 и Шкендија со 2:0.

Неефикасноста и натаму е проблем кој ќе треба да се подобрува и елиминира со ангажирање на квалитетен шпиц. За Шефот на Стручниот штаб Бубања поголем проблем е пристапот и одност кон играта на поединци и манифестираната недоволна дисциплина во играта. Тимот и играчите кои сакаат да бидат првотимци мораат да покажат дека имаат победнички и менталитет и карактер и така да се однесуваат во играта и на теренот, без респект кон било кој противник.

Јасно е дека никој го нема ни загубено ни пак на некој му е загарантирано местото во првиот тим. Но, веќе од следниот меч со Јавор (во среда на 31-ви јануари во Охрид) веќе ќе почне да се наѕира тимот и да почне онаа завршна фаза во која ќе се воигруваат стартните 11-мина за дуелот од 1-то пролетно коло со Пелистер.

Повеќе од јасно е дека тимот не е заокружен и ќе има дополнителни засилувања затоа што е исто така јасно дека фали квалитет на постојниот играчки кадар.

Одредените евидентирани техничко-тактички слабости во играта, покрај евидентниот замор по напорните тренинзи, Стручниот штаб ќе има време да ги корегира до почетокот на пролетната борба за опстанок во Првата лига”, стои во соопштението од клубот на нивната фан страна на Фејсбук.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.