Победа без победа и со второлигашот Осогово: Само реми на генералката пред стартот на втората полусезона

Фудбалерите на Победа одиграа 1-1 со второлигашот Осогово во натпревар кој се одигра на теренот со вештачка трева. Во генералната проба пред стартот на пролетната полусезона и мечот со Пелистер од 1-то пролетно коло тренерот Бубања им даде шанса на најголем дел од фудбалерите на кои ќе смета за пролетната борба за бодови.

Победа започна со:Тофилоски, Спиркоски, Крстески, Јаќимовиќ, Карчески, Ј.Наумоски, Најдовски, Лога, Трајкоски, Даноски и Ивановиќ.

На почетокот на вториот дел на местото на ,,ровитиот,, Лога во игра влезе Ацески, а од 70-тата минута до крајот играа: Јованоски, Паноски, Колески, Димитриоски, Исаевски, Цветаноски, Ацески, Нерес, Ангелески, МЈ.Нааумоски и Гешоски.

Стрелец на голот за Победа во 47-та минута беше беше Даноски по одличната асистенција на Спиркоски, додека за гостите во 70-тата минута стрелец беше младиот 20-годишен напаѓач Жоглев.

Победа без триумф ги завршува пријателските натпревари пред стартот на вотрата полусезона.

Покрај ремито со Осогово, прилепчани одиграа 1:1 со Македонија Ѓорче Петров, загуби од Јавор со 4:1, од Мачва со 3:0 и од Шкендија со 2:0.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.