Македонската кошаркарска репрезентација денес го имаше првиот собир од подготовките за претквалификациите за Светското првенство закажани за август.
Селекторот Јорданчо Давитков го објави поширокиот список со повикани играчи на кој се најдоа и Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб.
Список на кошаркари пријавени во ФИБА:
1. Војдан Стојановски
2. Горјан Марковски
3. Бојан Трајковски
4. Александар Костоски
5. Марко Симоновски
6. Кирил Николовски
7. Бојан Крстевски
8. Марјан Јанески
9. Перо Антиќ
10. Стојан Ѓуроски
11. Игор Пенов
12. Владимир Брчков
13. Ненад Димитријевиќ
14. Бобан Стајиќ
15. Љубомир Младеновски
16. Кристијан Николов
17. Адем Мекиќ
18. Александар Штерјов
19. Предраг Пајиќ
20. Андреј Маслинко
21. Ѓорѓи Чековски
22. Михајло Митев
23. Џордан Теодор
24. Лестер Бо Мекејлеб
Репрезентативците ќе тренираат во Скопје до 3 јули кога привремено ќе се преселат во Маврово. По 8 јули се враќаат во Скопје каде и ќе одиграат неколку пријателски натпревари.
На 10 и на 11 јули, репрезентацијата на Македонија ќе си ги одмери силите против соодветната селекција на Словачка, на гостински терен. На 15 јули Македонија ќе ја нагости Бугарија во Скопје. Потоа следи турнирот „Трофеј Македонија“ кој ќе се одржи во Скопје. На 20 јули македонската репрезентација ќе се надигрува со Португалија, ден подоцна против Холандија, а турнирот ќе биде затворен со натпревар против Босна и Херцеговина. Последен пријателски натпревар на македонската репрезентација во рамки на подготвителниот период ќе биде на 28 јули во Бугарија.
Во рамки на групата Ц, македонската репрезентација ќе се бори против селекциите на Косово и на Естонија за место во квалификациите за Светското првенство што во 2019 година ќе се одигра во Кина.