По повод Меѓународниот ден на жената “Осми март” градоначалникот на општина Прилеп ги посети пензионерските домови во населбата “Рид” и домот “Спиро Забрчанец”, каде традиционално пензионерките одржуваат прослава.
Но, со што им го честита празникот Јованоски на своите сограѓани?!
Појде се фотографираше, ги потапка по рамена и не им објасни до каде се повисоките пензии кои им ги ветија и не им ги зголемија, како што тоа се случуваше години наназад за време на владеењето на претходната влада, кога просечните пензии пораснаа за 70%, а минималните за 90%.
Јованоски празникот на жената на пензионерите им го честиташе и со повисоки сметки за вода, кои тие ќе ги добиваат од крајот на овој месец.
Дали им објасни зошто сметките за вода не поевтинија како што ветуваше за 20%, туку напротив пораснаа, па сега едно семејство за потрошени 30 кубни метри вода, ќе плаќа околу 70 денари плус на сметките, поради зголемувањето на услугата за одведување на отпадни урбани води, што е дел од сметките за вода?!
Дали во честитката за “Осми март” им кажа зошто редовно не функционираат автобусите од градскиот превоз?! – нешто на што граѓаните се пожалија изминатиот период.
Зошто ги излага пензионерите со бесплатен градски превоз, кој важи само за работни денови и тоа два часа од 09 до 11 часот?!
Имајќи во предвид дека пензионерите најмногу градскиот превоз го користат во викендите кога одат на пазар, а особено во неделите кога ги посетуваат новите градски гробишта надвор од градот, така нареченото “исполнето ветување” не им помогна многу.
Ова се дел од разочарувањата кои повеќето пензионери ги делат во Прилеп, но и во државата.
Поголемите давачки и неисполетите ветувања се нешто што со сигурност ќе се одрази врз довербата во новите градски и централни власти.