Предмалку во ФФМ беше извршено жребувањето за новата сезона во Првата лига. Жребот сакаше Победа да го добие редниот број 3 и во 1-то коло на 13-ти август, од 17 часот, на теренот на Могила, во Пелагониското дерби да го пречека Пелистер, а во 2-то коло да му гостува на Вардар.Во годинашниот распоред на Победа има многу сличности со оној од претходната сезона:1-во коло Пелистер, 2-ро коло Вардар, 4-то коло со Шкендија… Во прв и трет круг два врзани натпревари дома, а во последно 9-то коло гостување на Ренова!
Двојки за прво коло:
1. Шкупи – 10. Академија Пандев
2. Шкендија – 9. Вардар
3. Победа – 8. Пелистер
4. Работночки – 7. Ренова
5. Силекс – 6. Скопје
Еве го комплетниот распоред на Победа:
1. Победа-Пелистер
2.Вардар-Победа
3.Победа-Шкупи
4.Шкендија-Победа
5.Победа-А.Пандев
6.Победа-Работнички
7.Силекс-Победа
8.Победа-Скопје
9.Ренова-Победа
Првенството и оваа година ќе се игра по 4-кружен модел во 36 кола и мора да заврши до 20-ти мај следната година, поради Светското првенство во Русија. Поради неплатена котизација на некои клубови и неизвесноста околу конечниот состав на 2-та лига Исток, по откажувањето на Турново, жребот за 1/16-финалето на Купот на Македонија и за Втората лига ќе биде извршен дополнително.