Десет години по едностраното прогласување на независност на Косово, а точно пет години од потпишувањето на Бриселскиот договор, ситуацијата на Косово е се полоша. Заедниците на српски општини, чие формирање беше предвидено со Бриселскиот договор, ги нема ни за лек, а ситуацијата дополнително се влоши со апсењето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Џуриќ. Ситуацијата ескалира со апсењето на турските граѓани во Косово и нивното депортирање во Турција. Тие наводно биле поврзани со движењето на Фејтула Ѓулен.
Косовскиот претседател Хашим Тачи доби тапкање по рамо од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за оваа акиција, додека пак премиерот Рамуш Харадинај кој поради оваа акција, која се случувала без негово знаење, нарачал замена на косовскиот министер за внатрешни работи, жестоко го револтираше Ердоган.
Овој потег предизвика гнев кај турскиот претседател, нарекувајќи го овој акт “антитурски”.
После ова се постави прашањето колку долго може да опстане косовската влада. Од друга страна, излегувањето на “Српска листа” од косовската влада, најави предвремени избори во Косово.
За тоа време албанскиот премиер Еди Рама се состана најпрво со Хашим Тачи, а потоа и со лидерот на опозициското движење “Самоопределување”, Албин Курти, и со лидерот на “Иницијатива”, Фатмир Лимај, со кој е виден во ресторан во Тирана.