ПРОРОШТВО НА СЛЕПИОТ БОСАНЕЦ: Се “работи” за создавање војна на Балканот – оваа година ќе биде најтешка за нас !

Веќе неколку месеци кружи приказната за Исмет Сејдинович (64) од Зеница. Овој човек кој од раѓање е слеп и инвалид, наводно ја предвидува иднината со помош на Куранот. Неговото пророштво шокираше многу луѓе, но има и многу кои сметаат дека неговите предвидувања се “провидни”, дека не се точни и дека целта е да се исплаши народот.

ТОј вели дека добива визија секогаш кога ќе го допре Коранот и дека многу време му е потребно да се опорави од она што го видел. Тој предвидува дека Балканот го очекува нова голема војна.

Иако не сака неговите предвидувања да се поврзани со БиХ и со соседните земји, но овој пат не можел да се воздржи. Тој вели дека одредени групи луѓе кои работат на лично богатење, работат и на тоа да произведат нова војна.

Исмет вели дека новите генерации се родени и израснати со омраза и се подготвени на војна, пренесува “Aura.ba”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.