Семето на црниот ким е пронајдено дури и во гробницата на фараоните. Египќаните го нарекуваат тапнен, а старите Римјани цуминум.
Кимот се споменува и во Библијата, како лековит зачин. Во последниве 40 години се објавени околу 400 студии на тема “црн ким”.
Овие студии ја докажуваат неговата делотворност против астма, алергии, автоимуни заболувања како ревматичен артритис и псоријаза, маснотии во крвта, срцеви болести, хемороиди, проширени вени, висок крвен притисок, бактериски и паразитски инфекции…
Утврдено е дека црниот ким ја храни кожата, односно помага за регенерација на оштетените ткива, ноктите ги прави посилни, го засилува коренот на косата и делотворен е против првут.