ПРИЛЕП НА НОЗЕ! ВМРО-ДПМНЕ утре организира ГОЛЕМ НАРОДЕН СОБИР!!!

Утре со почеток од 20:30 часот на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”, организираат голем народен собир, на кој ќе биде претставена програмата од новата ера за Прилеп.

Прилеп важи за бастион на ВМРО-ДПМНЕ, а нивниот кандидат  и актуелен  градоначалник, Марјан Ристески, и на овие избори ужива огромна поддршка од граѓаните.

Поради тоа и поради големиот број на реализирани проекти, како и целосно променетиот лик на градот, Ристески одново застанува пред избирачите во Прилеп.

Се очекува на утрешниот голем митинг да бидат присутни повеќе илјади граѓани и одново централното градско подрачје да биде исполнето со луѓе.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.