Елена Велевска вели дека е недостапна за оној кој го заслужил тоа и додава дека сите луѓе имаат моменти, периоди и личности за кои во одреден момент треба да се недостапни.
За кого е Елена Велевска “Недостапна”? Пејачката на новинарско прашање одговара дека недостапна е за оној кој тоа го заслужил.
-Да ви кажам искрено сигурна сум дека сите ние имаме моменти, периоди, па и личности за коишто треба одреден момент да сме недостапни. Така да, знам дека мојата публика ќе се пронајде во овој наслов и секогаш ќе знае да поздрави некоја личност со “Недостапна за тебе”. Знаеме сите да исклучиме телефон, да не креваме кога не сакаме на некого и така си се наоѓаме низ песните, ги посветуваме и тоа е тоа.-вели Елена.
Спотот за оваа песна се снимаше во студиото на ИН продукција во Охрид, а Елена е презадоволна од соработка со нив.
Мене ми е драго што секогаш ми излегуваат во пресрет ИН ТВ и без тоа тие ми се мојот втор дом тука во Охрид и многу ми е практично да соработувам со нив, многу лесно се разбираме, брзо го остваруваме нештото кое сме го наумиле, така да таа соработка се гледа, публиката не сака, ги сака нашите остварувања.
Во продолжение погледнете го најновото остварување на прилепската пејачка: