ПРАЗНИЧНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Според УХМР вечерва се очекуваат поинтензивни врнежи, особено во северните и централните делови.

Врнежите ќе продолжат и утре и во сабота претпладне. Поинтензивни врнежи ќе има во северните и централните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м 2. Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. Утринската ќе биде во интервалот од четири до 13 степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во сабота утринската температурата ќе се спушти до пет степни, а дневната ќе достигне до 21 степен.

За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.

Во понеделник ноќта кон вторник ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурата во понеделник ќе се движи во интервалот меѓу два и осум, односно дневната од 17 до 22 степени, Во вторник од 4 до 8 степени утринската, додека дневната ќе биде од 18 до 23 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.